Се надевам дека сите уживате во пролетта и убавото време.
Сакам сите да ве информирам во врска со една многу добра вест.
Неодамна Регионалниот центар за одржлив развој-Кратово и ВЕК добија грант од UNDP во област на Проектно демонстрирање, подигање на свеста кај населението и едукација од областа на загадување на животната средина.
Кои се нашите активости поврзани со овој проект?
- РЦОР и ВЕК ќе соберат податоци во врска со локациите и големината на илегалните депонии во Кратово
- Џесика ќе ги обучи вработените во РЦОР, членовите на ВЕК, членови од ЗГ РРОМА, како да го користат Global Positioning System (GPS) уредот и како да го користат Geographic Information System (GIS) софтверот.
- Откако ќе заврши обуката, ќе пристапиме кон теренска работа која подразбира собирање на податоци со помош на GPS уредите.
- Џесика ќе не обучи како да ја анализираме соберената дата и како да изготвуваме мапи со помош на GIS софтверот.
- Од соберените податоци во форма на текст, мапи или фотографии ќе бидат изготвени извештаи и флаери кои ќе послужат како материјал за презентирање.
- Овие податоци ќе ни овозможат да влијаеме врз подигање на свеста кај јавноста за негативното влијание што го има загадувањето на почвата и водата врз здравјето и врз животната средина.
- Сите добиени информации ќе бидат презентирани и дистрибуирани низ училиштата, локални форуми, локалната власт и др. институции.
За да започнеме со GIS и GPS обуките, најпрвин треба да поминете низ он лајн „лекциите во неколку чекори“ како и игрите кои ви се понудени низ линковите, преку кои ќе стекнете практика, ќе научите и ќе добиете информации кои ќе ви од важност на вас, а и важни за успешноста на проектот. http://gisandgpstraining.blogspot.com/
НА АНГЛИСКИ:
Hello VEK Members!
I hope you are all enjoying the spring weather and sunshine.
I wanted to give you all an update about some really good news.
Recently the Regional Center for Sustainable Development - Kratovo (RCSD) and VEK got a grant from the United Nations Development Program (UNDP) for Demonstration Projects, Public Awareness Raising and Education on Environmental Pollution. We were one of only 3 projects funded in all of Macedonia.
What are we doing in this project?
- RCSD and VEK will collect concrete data about the location and size of illegal dump sites in the city of Kratovo.
- Jessica will be training RCSD staff , VEK Members, and some members of the NGO RROMA how to use Global Positioning System (GPS) units and how to used Geographic Information System (GIS) software.
- Once everyone is trained, we will go out and collect the data with our GPS units
- Then we will take the data and Jessica will train us how to analyze the data and make maps on GIS software
- The data in the form of text, maps, and photographs will then be compiled into reports, leaflets and presentations for the public.
- This data will enable VEK to raise public awareness about the negative effects of ground and water pollution on public health and the environment.
- VEK will present and distribute this data in schools and at public forums to local citizens, local government, and other institutions.
To start the GIS and GPS training, we have made a GIS and GPS Training blog with lessons and links to games to help practice, learn, and study information that is important to the success of this project.
No comments:
Post a Comment